Галијани со тешко срце призна: Интер ќе биде кандидат за Скудетото...

Поранешниот спортски директор на Милан, АДриано Галиани  верува дека Интер ќе биде во конкуренција за титулата во Серија А, најмногу поради нивниот тренер, Антонио Конте.

„Нероазурите“ победија со 2:0 во дербито против Милан овој викенд и со тоа се зацврстија на лидерската позиција на табелата во Серија А.

„За дербито? Жал ми е како и на сите фанови на Милан, природно е кога ќе го загубите дербито како што загубија тие. Им бев спортски директор, им бев фан и останувам фан на Милан.  Во првенството гледам три тима кандидати за титулата и тоа ќе е подобро од лани. Интер, Јувентус и Наполи се кандидати за титулата. Конте е одличен тренер и професионалец. Баш ми е криво што Интер има одличен тренер“ –истакна Галијани.