Галтие промовиран во ПСЖ: Ќе го скратиме тимот на пола!


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


ПСЖ го претстави новиот тренер Кристоф Галтие кој треба да го предводи францускиот гигант во следната сезона, а притоа кажа што планира со екипата.

Галтие откри дека раководството на парижаните му ветило дека ќе може да ги казни фудбалерите кои нема да ги почитуваат обврските.

„Управата ми вети дека ќе имам одврзани раце да ги санкционирам сите фудбалери кои ќе ги прекршат моите правила и идеи“, кажа Галтие.

Новиот тренер на „светците“ најави и разделба со дел од фудбалерите.

„Мора да се намали бројот на фудбалери. Не гледам поента да имаме огромен број играчи, кои нема да бидат задоволни затоа што нема да играат“, вели тренерот.