Галтие со порака до незадоволните навивачи: Не може да чекаме сè од Меси и Мбапе!


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Лионел Меси повторно доби жестоки критики од навивачите по поразот на ПСЖ од Лион со 0-1 на „Паркот на принцовите“.

Меси не се поздрави со навивачите, односно директно замина во соблекувалната, а тренерот Кристоф Галтие застана во негова одбрана.

„Не ги разбирам свирежите кон Меси. Постојано чекаме тој и Мбапе да го решат натпреварот. Не може секогаш да чекаме сè од нив. Свирежите немаат смисла, затоа што Меси направи многу за нас оваа сезона“, кажа Галтие.

ПСЖ во моментов е лидер во Лига 1 со шест бодови повеќе од Ленс и Марсеј.