Гарсија заминува од Наполи: Елмас за нов тренер добива – легенда на Јувентус?!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Наполи вчера загуби од Емполи во Серија А и тоа ќе значи крај на ангажманот на Руди Гарсија на кормилото на актуелниот шампион.

Новинарот Фабрицио Романо објави дека Гарсија денеска ќе добие отказ од Наполи, а неговата позиција ќе ја преземе легенда на Јувентус, Игор Тудор.

Тудор е главен кандидат за кормилото и во следните часови двете страни ќе имаат преговори. Тој е слободен откако замина од Олимпик Марсеј.

Хрватот ќе има директни преговори со претседателот на Наполи, Аурелио Де Лаурентис кој треба да му понуди примамливи услови.