Гатузо го пофали Елмас по мечот против Интер (ФОТО)


Уште еден поткаст! Fat Cacko: Од гитара до Fat kitchen bistro и најдобриот бургер во градот ↓↓↓


Наполи успеа да слави во дербито против Интер во италијанскиот Куп, а македонскиот репрезентативец Елиф Елмас го одигра цел меч за неговата екипа.

Екипата на Елмас се врати од Милано со водство од 1-0, па во Неапол ќе го брани водството и ќе се обиде да се пласира во финале на Купот.

Инсиње не беше на теренот, па поради тоа Елмас доби за задача да игра на неговата позиција и може да се каже дека одигра одлично.

„Инсиње имаше проблеми, па поради тоа Елмас се загреа и влезе во игра. Тој може да игра во неговата улога, зашто има сила и техника, но може да напредува уште повеќе“, порача Гатузо.