Гатузо искрен по мечот: Еден ден ќе ми пукне нешто од нервоза!


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Тренерот на Наполи, Џенаро Гатузо не беше задоволен од играта на неговиот тим, иако победи против Риека со 2-1.

Гатузо призна дека ваквите натпревари воопшто не се добри за неговото здравје затоа што премногу се нервира.

„Точно знаев како ќе игра Риека, играчите добија прецизни инструкции, но и покрај тоа тие направија грешки. Ни беше потребна шлаканица за да се разбудиме. Ќе ми пукне крвен сад од нервоза еден ден, ова не е доволно добро, мора подобро да влегуваме во натпреварит“, вели Гатузо после натпреварот.

Да потсетиме, во овој натпревар Елиф Елмас одигра еден час, а на спротивната страна Велковски го одигра целиот натпревар.