Гатузо: Ова не е нормално, играчите на Гранада лежеа по теренот!


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Тренерот на Наполи, Џенаро Гатузо беше бесен на противничките фудбалери откако Наполи славеше со 2-1 против Гранада во Лига Европа, но тоа не му беше доволно за пласман во осминафинале.

Гатузо се изнервира поради односот на фудбалерите на Гранада и поради тоа ги критикуваше.

„Дозволете ми да објаснам како изгледаше тоа. Во првото полувреме имавме само 16-17 минути активна игра. Тоа не е нормално. А потоа ќе кажат Италијанците лежеле по теренот. Да направеше такво нешто некој од нашите тимови, веднаш ќе не ставеа на столбот на срамот“, вели Гатузо.

Се очекува Гатузо да добие отказ по овој неуспех со Наполи.