Гатузо се скарал со Елмас, па го избркал од тренингот на Наполи


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Италијанските медиуми објавија дека тренерот на Наполи, Џенаро Гатузо имал конфликт со Елиф Елмас, по што го избркал од тренингот на екипата.

Македонскиот репрезентативец порано го завршил тренингот од неговите соиграчи затоа што Гатузо го избркал.

Гатузо му кажал на Елмас дека не е активен на тренингот, па решил да го отстрани, иако не станува збор за никаква дисциплина.

Дел од медиумите шпекулираат дека тоа значи и пауза за Елмас од фудбалскиот терен, односно Гатузо нема да му даде шанса на мечот против Лацио.

Гатузо секогаш сака да го извлече максимумот од неговите фудбалери, а ова не е првпат да избрка некого од тренинг.