Гатузо: Тоа што го прави Меси, го имам видено само на…


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Тренерот на Наполи, пргавиот Џенаро Гатузо со неговиот тим ќе ја пречека Барселона во првиот осминафинален натпревар од Лигата на шампионите.

Двата тима утре ќе играат на „Сан Паоло“, а Барселона секако е фаворит на оваа средба.

„Сакаме да и парираме на Барселона. Се надевам мојот тим ќе одигра без страв. Не игравме на домашен терен добро во последно време, освен против Јуве. Се надевам дека тоа ќе го промениме сега. Сите велат дека мора да го затвориме Меси. Но не е така, нема само Меси да игра против нас. Тоа што го прави тој сум го видел само на видео игрите. Тој е пример кој децата треба да го следат, и на терен и во животот“ –изјави Џенаро Гатузо.