Гатузо замина од Милан, а со него и искусен фудбалер


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Џенаро Гатузо се прости со тренерската позиција во Милан, а заедно со него од „Сан Сиро“ ќе замине и Тимуе Бакајоко, кој играше солидно сезонава.

Позајмицата на Бакајоко му завршува, а поради тоа што Милан не обезбеди пласман во Лигата на шампиони, „росонерите“ нема да го откупат неговиот договор.

Бакајоко имаше и објава на Инстаграм, која најверојатно значи збогување.

„Разочарувањето нема да ги избрише моментите и сакам на сите да ви се заблагодарам за поддршката, која беше искрена. Ви благодарам за љубовта, која ми ја покажавте во тешките моменти. Ви благодарам и за песната и храброста, која ми ја дадовте. Ви благодарам за убавите спомени. Се гледаме наскоро, напред Милан!“, напиша Бакајоко.

Милан за него мораше да плати 35 милиони евра, ако сака да го има идната сезона во своите редови.