„Ѓаволите“ немаат повеќе нерви: Лукаку добива замена од Франција?


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Според француските медиуми, Манчестер јунајтед не смета повеќе на Ромелу Лукаку, а тоа го покажува и најновиот потег на англискиот премиерлигаш, кој сака да ангажира негова замена.

Лукаку најверојатно ќе ја продолжи кариерата во Интер, кој наводно е подготвен да понуди 75 милиони евра за неговиот потпис, а со тие пари Јунајтед ќе го купи Муса дембеле од Лион.

Претходно се шпекулираше дека Јунајтед е заинтересиран за него, а наводно Ерик Кантона го препорачал до управата на англискиот гигант.

Детали засега не се познати, но очигледно Дембеле би можел да биде добро решение, зашто во Франција за кратко време покажа дека е одличен напаѓач.