„Ѓаволите“ се договорија со Барселона: Де Јонг доаѓа на „Олд Трафорд“


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Холанѓанецот Фреки Де Јонг во моментов е на одмор, а засега не знае каде ќе игра следната сезона затоа што Манчестер јунајтед покажа голем интерес за неговите услуги.

Де Јонг сака да остане во Барселона, но каталонскиот гигант има финансиски проблеми, па ќе мора да продава фудбалери ова лето, а Холанѓанецот може да им донесе многу пари во касата.

Каталонски „Спорт“ пишува дека клубовите наводно се договориле за откупната сума, која изнесува 80 милиони евра, а со бонуси би можела да достигне до 100 милиони.

Тренерот Ерик Тен Хаг така ќе добие една од своите желби, а потоа ќе се фокусира на нападот, каде што го сака Виктор Осимхен од Наполи.