Газдата на Малага опасно се „закачи“ со претседателот на Франција!


Ќе го решиме проблемот со отпадот ако го гледаме како ресурс, а не како ѓубре! | Уште еден поткаст ↓↓↓


Најголемиот акционер во шпанскиот клуб Малага, Абдула Ал Тани му се закани на францускиот претседател Емануел Макрон преку социјалната мрежа Твитер.

Францускиот лидер зема став против радикалниот ислан по инцидентот со професорот Самуел Пати пред неколку дена.

Макрон ги критикуваше муслиманските држави како Турција, Иран или Пакистан, но токму првиот човек на Малага му одговори на францускиот претседател.

„Ако нема службено извинување за сите муслимански држави во врска со потикнување на говор на омраза, тогаш ќе мора да трпите последици“, напиша Ал Тани.