Газдите на Манчестер сити го купија поранешниот тим на Трајковски и Несторовски


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


„Сити Фудбал Груп“ не прекинува да купува клубови ширум светот, па така газдите на Манчестер сити земаа 80 отсто од акциите на Палермо.

Клубот од Сицилија пред неколку дена привлече внимание затоа што се врати во Серија Б по три години поминати во третиот и четвртиот ранг на италијанскиот фудбал.

Палермо последен пат во Серија А играше во 2016/17, а потоа доживеа финансиски колапс, по што мораше да почне од Серија Д, но сега ќе добијат моќни сопственици.

„Сити Фудбал Груп“ ги купи акциите за 10 милиони евра плус два милиони во бонуси, додека актуелниот претседател Дарио Мири задржа 20 отсто од акциите и ќе остане на чело на Палермо.