Георгиевски ќе се бори за злато на Европските игри во Краков


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Македонскиот таеквондист Дејан Георгиевски го обезбеди првиот медал за Македонија на Европските игри во Краков, откако славеше против Иван Гарсија Мартинез во полуфиналето.

Георгиевски веќе го има обезбедено сребрениот медал, но ќе се бори против Луис Канингам вечерва од 19.35 часот за злато.

Георгиевски претходно славеше против Матија Молин од Италија и Андри Харбар од Украина.