Георгина пак беше во центар на внимание, ама овој пат не поради – облините! 📸


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Португалската репрезентација загуби во осминафиналето на Европското првенство (ЕП) од Белгија со 0-1 и остана без можност да ја брани титулата која ја освои на претходниот турнир.

По натпреварот во центар на внимание беше Кристијано Роналдо, кој од гнев ја фрли и шутираше капитенската лента, а на трибините имаше поддршка од своето семејство меѓу кои и Георгина Родригез.

Георгина често е во центар на внимание поради нејзините бујни облини, но овој пат тоа не беше така, туку сите ги интересираше зошто носи микрофон на себе.

Меѓутоа, набрзо стигна објаснување од нејзиниот тим, кој откри дека Георгина носеле микрофон затоа што „Нетфликс“ снима документарец за нејзиниот живот.