Герет Бејл добива рекорден седумгодишен договор во Реал


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Управата на Реал Мадрид се одлучи на еден потег кој е вистински реткост во светот на фудбалот.

Имено, денеска добивме официјална потврда на вест дека е спремен рекорден договор за Герет Бејл кој ќе трае, верувале или не, полни седум години, а ќе биде рекордно платен фудбалер и кога е во прашање годишната плата.

Во Мадрид Герет Бејл е виден како природен наследник на Кристијано Роналдо, па сакаат да направат се со цел Велшанецот да се чувстува добро и би бил лидер на екипата од Сантијаго Бернабе.

Бејл ќе го прифати овој договор, и така ќе го прескокни Роналдо на листата на најплатени фудбалери на светот.