Германија е земја на фудбалот: За дерби во втората лига биле побарани 150.000 билети! (ВИДЕО)

Ниту едно вечно дерби во регионов не може да се спротистави на германската Втора лига, каде што 150.000 навивачи побарале билети за мечот меѓу Келн и Хамбургер.

Стадионот на Келн е мал за сите тие кои побарале да го гледаат дербито меѓу двата поранешни бундеслигаши, кои минатата година се преселија во понизок ранг.

Стадионот „Мингенсдорфер“ има капацитет од 50.000 места и не можел да ги собере сите навивачи, кои побарале карти за големото дерби.

Доколку Келн имал три стадиони, комотно ќе можел сите три да ги наполни со навивачи, а самиот број на навивачи, кои покажале интерес за натпреварот доволно зборува колку е важен фудбалот во Германија.