Германија го наполни голот на Македонија за пласман на СП! 🎥


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


Германија немаше милост во реваншот за Македонија, иако македонските фудбалери одлично се држеа против големиот фаворит речиси 50 минути на теренот, по што примија четири гола за пораз од 0-4.

Столе Димитриевски беше одличен на голот во првото полувреме и успеа да одбрани неколку незгодни удари на противниците, по што Македонија на паузата замина со 0-0.

Во вториот дел Каи Хаверц прв ја затресе мрежата на македонската фудбалска репрезентација, по што Тимо Вернер уште два пати го матираше Димитриевски.

Конечните 4-0 ги постави Мусиала во завршницата од дуелот, па така ѝ помогна на Германија да се пласира на Светското првенство (СП).

ФОТО: ФФМ