Германија сака со триумф да го почне походот кон трофејот на ЕП


Кој тепа, Ливерпул или Челзи!? ↓↓↓


Вечерва почнува Европското првенство (ЕП) во Германија, а првиот дуел се игра меѓу домаќинот и Шкотска во Минхен од 21 часот.

Германија не се прослави на последните три големи турнири, каде што отвори со пораз, но време е да се прекине таа црна серија.

Шкотска не знае за победа на ЕП уште од 1996 година, а вечерва ќе има тешка мисија против домаќинот.