Германски гигант го „краде“ бисерот на Динамо од Милан?


Како е да се биде професионален Counter-Strike играч! ↓↓↓


Фантастичниот млад фудбалер на репрезентацијата на Хрватска и загребски Динамо Марко Пјаца може многу лесно да биде член на гигантот на германскиот фудбал.

Имено, покрај големиот интерес на Милан за доведување на Пјаца во овој преоден рок, Борусија Дортмунд направи за кратко време многу повеќе во преговорите со Динамо, и сега  се на „пол  позиција“ кога е во прашање доведување на Пјаца.

Репрезентацијата на Хрватска се прости од ЕП, но некои фудбалери докажаа дека созрееја за премин на повисоко ниво на фудбал. Така Марко Пјаца е прв во низата на тие фудбалери, па неговиот трансфер во Дортмунд е исклучително реално да се очекува до крајот на неделата.