Гиганти од Англија во борба за потписот на Кварацхелија


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Грузискиот репрезентативец Квича Кварацхелија зад себе има неверојатна сезона со Наполи во која италијанскиот тим ја освои Серија А.

Кварацхелија, сепак, оваа година не блеска како минатата, но и покрај тоа привлече голем интерес од европските гиганти.

Неколку екипи од Англија не губат време и отворено покажаа интерес за Кварацхелија, а Наполи одреди цена по која може да го продаде крилниот напаѓач.

Кварацхелија би можел да замине од Неапол само доколку пристигне понуда од неверојатни 150 милиони евра.

Наполи се соочува да го загуби и Виктор Осимен, а и за неговиот потпис се заинтересирани неколку тимови од Европа, но и Саудиска Арабија.