Гигс не се смирува: Ја изневерувал девојка му со две жени, па на крај ѝ удрил ќотек!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Рајан Гигс во претходните денови беше главна тема на Островот поради неговиот однос кон поранешната девојка, која наводно ја истепал, а претходно тој ја изневерувал со две други жени.

Неговата поранешна девојка се скарала со него поради различни пораки кои ги испраќал на девојките, а тоа на крајот создало тепачка, по што морала да интервенира и полицијата.

Пораките биле на таблетот на бившиот фудбалер на Манчестер јунајтед, кој бил поврзан со неговиот мобилен телефон.

Гигс веднаш беше упасен поради сомнеж дека ја нападнал неговата девојка, но тие шпекулации беа демантирани од неговиот адвокат.

„Кејт дозна дека Рајан ја изневерувал. Се мачеше за да му верува, а потоа ги пронајде пораките кои ги испраќал до девојките. Таа знае кои се тие девојки. Двете се млади и згодни“, открива извор за медиумите.