Гигс призна: Ме боли, но Ливерпул е фантастичен


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Легендарниот крилен напаѓач на Манчестер Јунајтед, Рајан Гигс беше многу искрен и призна дека најголемиот ривал на Јунајтед, Ливерпул, имаше одлична сезона.

Гигс вели дека тој факт, како навивач на Јунајтед, го повредува, но сепак тоа е факт.

“Мислам дека она што го видовме оваа сезона во Ливерпул е еден одличен тим предводен од одличниот тренер Јирген Клоп. Ме боли мене како навивач на Јунајтед да го кажам тоа, но тие навистина имаа фантастична сезона”, вели Гигс.

Тој додава дека би сакал неговиот Велс да игра вака …

“Сезоната продолжува и тие ќе ја освојат титулата бидејќи ја заслужуваат. Всушност, тие немаа една, туку две брилијантни сезони. Минатата година го притискаа Манчестер Сити до последното коло. Тие се навистина одличен тим за гледање. Постојат неколку работи што ги “презедов” од Ливерпул и јас би сакал да ги вклучиме во играта на Велс “.

Патем, „црвените“ во моментов се убедливо први во Премиер лигата со предност од 25 поени над второпласираниот Сити и скоро сигурно ќе ја освојат титулата на крајот на сезоната.

Вчерашните информации говорат дека сезоната во Премиерлигата продолжува на 17. јуни со преостанатите натпревари од 28-то коло.