Гигс се јави по обвинувањата дека ја нападнал неговата девојка!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Селекторот на Велс и легенда на Манчестер јунајтед, Рајан Гигс беше уапсен од страна на полицијата откако медиумите објавија дека тој ја тепал неговата девојка.

Англиските медиуми објавија дека Гигс ја нападнал неговата девојка, по што адвокатите на поранешниот фудбалер веднаш реагираа во јавност и негираа дека има такво обвинение против легендата.

Полицијата пристигнала во вилата на Гигс од 1,7 милиони фунти во неделата околу 22 часот, по што го уапсила и тој бил да даде изјава.

„Полицијата е повикана во недела во 22.05 часот од страна на жена во 30-те години која тврди дека е физички вонемирувана. Добила полесни повреди, но лекување не било потребно“, соопштија од полицијата.