Го гледал Чави во очи и го лажел: Мирно чекам да се јави и да ја разјасни ситуацијата…


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Барселона не успеа да го продолжи договорот на Осман Дембеле, кој преку неговиот менаџер побара многу пари на што каталонскиот гигант не се согласи.

Францускиот фудбалер го изневерил тренерот Чави Ернандез, зашто претходно на состаноците му зборувал дека сигурно ќе остане, но по последниот телефонски повик на стратегот му било јасно дека е излажан.

Каталонските медиуми пишуваат дека Дембеле го изгубил и последниот човек кој верувал во неговиот успех во тимот.

„Јас повеќе не можам ништо да направам. Мирно чекам да се огласи. Треба да каже што мисли за неговата иднина. Јас мислам дека негова иднина треба да биде Барселона“, вели Чави.

Дембеле беше платен 135 милиони евра во 2017 година, но тој одигра 126 меча и постигна само 30 голови.