Го мачеше Јунајтед 120 минути, а на крајот на мечот ги воодушеви „ѓаволите“ (ВИДЕО)


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Манчестер јунајтед синоќа со тешка мака успеа да го елиминира Копенхаген на патот кон трофејот во Лига Европа, а данскиот тим падна по продолженија.

Навивачите на англискиот тим ги воодушеви сцената по мечот кога капитенот на Копенхаген и тренерот на „црвените ѓаволи“, Оле Гунар Солшер имаа интересен разговор.

Искусниот Бразиле по елиминацијата му се заблагодари на Солшер за тоа што ја води екипата на Манчестер, зашто и самиот е голем фан на премирелигашот.

„Ти благодарам за тоа што го правиш за Јунајтед“, кажа капитенот на Копенхаген.