Го посакуваат сите големи тимови, а тој на крај ќе заврши во…..Вотфорд?


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Сандро Тонали важи за еден од најголемите таленти на италијанскиот фудбал и во моментов привлекува голем о внимание од големите европски екипи.

Меѓу оние кои  се интересираат за играчот се Јувентус, Манчестер Јунајтед, Интер, Милан и Рома, а медиумите во Италија сега пишуваат дека тој би можел да направи изненадувачки трансфер и да заврши во Вотфорд.

Скаути на Вотфорд ги следеле настапите на Тонали, а биле присутни и на последниот натпревар во кој Бреша се сретна со Јувентус.

Клубот од Англија нема да штеди пари за да го обезбеди потписот на фудбалерот кој се проценува на околу 50 милиони евра.