Го сака пола Европа, а тој ја сонува Барселона

Младиот Бразилец кој го споредуваат со Нејмар сонува да го облече дресот на Барселона.

После тоа што каталонскиот Спорт соопшти дека Барселона испратила понуда од 19 милиони евра плус 5 милиони за напаѓачот на Палмеирас, Габриел Хесус, 19-годишниот фудбалер изрази желба да се пресели на Камп Ноу.

„Трансфер во Барселона би било остварување на сонот. Барса е голем предизвик, но не се плашам. Знам колку можам и секој ден напорно тренирам. Имам фамилија која ме подржува и агенти кои ми даваат најдобри насоки“, изјави Хесус.

За Хесус заинтересирани се и Баерн Минхен, Манчестер Јунајтед, Манчестер Сити и Јувентус.