Ѓоковиќ без поголеми проблеми го совлада Иснер и се пласираше во 1/4 финалето во Шангај


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Првиот рекет во светот Новак Ѓоковиќ денес се пласираше во 1/4 финалето на Мастерсот во Шангај.

ТОј во средбата од 1/8 финалерот го порази 17. тенисер во светот Американецот Џон Иснер со 2-0 во сетови. Беше 7-5 и 6-3, а мечот траеше 1 час и 16 минути.

Ноле, кој се наоѓа во фантастична форма после повредата на раменото, првиот сет го доби со брејк во последниот 12 гем и славеше со 7-5.

Тогаш и го скрши отпорот на противникот, а вториот сет го доби без поголеми проблеми.

Да потсетиме, Ѓоковиќ ја брани титулата на овој турнир од минатата година.