Ѓоковиќ доби признание и од „Л’Екип“


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ во 2023 година освои дури три гренслем-титули и ја заврши сезоната на првото место на АТП-листата.

Престижниот француски весник „Л’Екип“ го избра Ѓоковиќ за најдобар светски спортист во 2023 година.

Ѓоковиќ во 2023 година успеа да ја надмине и границата од 400 недели поминати на врвот на АТП-листата.

Србинот ја доби наградата пред пливачот Леон Марчанд и Макс Ферстапен, а во топ-5 беа и Ноа Лајлс и Сија Колиси.