Ѓоковиќ е човек од челик: Најдобриот тенисер пливаше во река со температура од пет степени

Новак Ѓоковиќ го користи слободното време за да одмори во Црна Гора, каде што воедно се подготвува за учество на Ју-Ес опен, за кој барем во моментов нема право на настап.

Србинот е на одмор во Котор, а сега ја искористи можноста со пријателите да заплива во реката Љута која е позната по тоа што станува збор за планинска река која има температура од само пет степени.

Ова не е првпат Ѓоковиќ да плива во ладна вода бидејќи претходно реши да плива и во уште една ладна река за да ги усоврши вежбите за дишење.

Ѓоковиќ не е сигурен дали ќе настапи на последниот гренслем-турнир во сезоната, откако неодамна го освои Вимблдон.