Ѓоковиќ е рекордер по заработка во 2023 година


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ е рекордер по заработка меѓу тенисерите во 2023 година. „Еуроспорт“ објави дека тој добил 38,4 милиони долари во текот на годината.

Зад Ѓоковиќ на списокот е Карлос Алкараз, кој заработи 31,2 милиони долари, а во оваа сума се пресметани наградите од турнирите плус спонзорски хонорари.

Најголема заработка кај дамите има Ига Швјонтек од Полска, која заработила 22 милиони долари.