Ѓоковиќ го прегази Гофан за прво финале на турнирот во Токио


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Новак Ѓоковиќ се пласираше во финалето на турнирот во Токио, откако славеше против Давид Гофан со 2-0, однсоно 6-3 и 6-4, а во фналето ќе се пресмета со Џон Милман од 8.30 часот во недела.

Српскиот тенисер веднаш направи брејк и поведе со 3-0 во првиот сет. Гофан при резултат 1-3 имаше брејк-топка, но Србинот одлично се одбрани и стигна до 4-1. До крајот на сетот Ѓоковиќ доминираше, па стигна до 6-3.

Во вториот сет Србинот повторно направи брејк за кратко време, а Гофан имаше три шанси да го врати загубениот гем, но не успеа во неговата намера, зашто Ѓоковиќ успешно се бранеше и го потврди брејкот од првиот гем.

До крајот на сетот Гофан немаше решение за српскиот тенисер, кој доминираше до крајот и со 6-4 го освои вториот сет и така се пласираше во финалето.