Ѓоковиќ го прифати предизвикот на Шарапова: Ќе ни се приклучи ли уште некој? (ФОТО)


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Најдобриот српски тенисер Новак Ѓоковиќ го прифати предизвикот на Марија Шарапова за да донира пари како помош на Австралија, која беше погодена од катастрофални пожари.

Русинката во недела емотивно се обрати кон јавноста, а потоа испрати порака до Ѓоковиќ.

„Месец јануари во Австралија беше мој дом во последните 15 години. Гледајќи како пожарите ја уништуваат земјата, нејзиното прекрасно семејство и заедница или животни многу ме растажува. Почнувам со донација од 25.000. Ѓоковиќ, ќе дадеш ли колку мене?“, праша Шарапова.

Еден ден подоцна следеше одговор од Ѓоковиќ.

„Да, Марија, би сакал да ја дуплирам твојата донација од 25.000 долари за да им помогнам на загрозените. Има ли уште некој кој ќе ни се приклучи?“, напиша Ѓоковиќ.