Ѓоковиќ и во Рим има проблеми со судијата: Доби опомена поради кршење на протокол!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Најдобриот тенисер во светот, Новак Ѓоковиќ имаше проблем со судијата во Рим на стартот на мечот против Карузо, кој го доби со 2-0 во сетови.

Пред да почне мечот, Србинот имаше кратка расправија со судијата, кој го опомена дека не го почитува протоколот предвиден поради епидемијата на ковид-19.

„Новак, те молам стави маска“, кажа судијата пред дуелот.

„Зошто?“, праша Ѓоковиќ, по што доби објаснување.

„Тоа е правилник, кој од нас бараа да го следиме, само за договор пред мечот“, одговори судијата.