Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓
Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ се наоѓа во криза оваа сезона, а тоа го потврди со поразот од Каспер Руд во полуфиналето на Монте Карло.
Ѓоковиќ игра лошо, но тоа не го користат неговите ривали за да го симнат од тронот бидејќи Србинот од понеделник ќе има поголемо водство во однос на ривалите.
Италијанецот Јаник Синер имаше шанси да му се приближи на Ѓоковиќ, но не го искористи тоа, а Србинот во меѓувреме освои нови бодови и ќе има дури 1.285 бода повеќе од најблискиот ривал.
Според прогнозата, Ѓоковиќ најверојатно ќе го дочека Ролан Гарос од првото место, а почетокот на турнирот е закажан за 26 мај.