„Ѓоковиќ кај нас е добредојден, тој не прекрши ниту едно правило!“


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Директорот на АТП турнирот од серијата 500 во Ротердам, Ричард Крајичек кажа дека Новак Ѓоковиќ е добредојден во градот, но призна дека не го контактирал по тоа што се случи во Австралија.

Српскиот тенисер беше депортиран од Мелбурн, откако го загуби судскиот спор со Владата на Австралија, која му ја укина визата, иако доби медицински исклучок за учество на турнирот.

Задолжителната вакцинација ќе биде и за учество на Ролан Гарос, а Ѓоковиќ најверојатно нема да го гледаме ниту на Мастерсите во Индијан Велс и Мајами од иста причина.

Крајичек му ја отвори вратата на Ѓоковиќ за турнирот кој се игра од 7 до 13 февруари, но очигледно и овој пат без публика.

„Ѓоковиќ обично оди на скијање во февруари, за да одмори од Австралијан опен. Ние ги почитуваме правилата на Владата, а Новак не прекрши ниту едно правило“, вели Крајичек.