Ѓоковиќ ќе остане прв најмалку до 27 февруари!


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Српскиот тенисер во моментов е на првата позиција на АТП-листата и ја минува 375. недела на врвот, а на добар пат е да ја помине легендарната Штефи Граф.

Ѓоковиќ ќе остане прв најмалку до 27 февруари, затоа што Карлос Алкараз и Стефанос Циципас почнуваат со турнири од следната недела во Буенос Аирес, односно Ротердам.

Циципас ја брани титулата во Холандија, додека на Алкараз ќе му бидат одземени 500 бодови поради титулата освоена во Рио Де Жанеиро.

Ѓоковиќ ќе загуби само 90 бодови, кои ги освои во Дубаи минатата година, кога беше елиминиран во четвртфиналето.