Ѓоковиќ ќе остане во Мелбурн, ама ќе добие и тригодишна казна?


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ ќе остане во Австралија најмалку до понеделник, откако испрати жалба на прекинот на престојот во Австралија.

Федералниот суд во Мелбурн реши целиот случај да го разгледа за викендот, а српскиот тенисер ќе биде сместен во хотел за мигранти, каде што ќе престојува следните три дена.

Судијата Ентони Кели не ја доби потребната документација, па затоа во понеделник ќе ја донесе одлуката.

Кели кажа дека адвокатите на Ѓоковиќ треба да ги поднесат доказите до сабота поппладне, а австралиските власти до крајот на неделата треба да ги дадат сите докази.

Од друга страна, најдобриот тенисер во светот се соочува со жестока казна, односно забрана за влез во Австралија во следните три години.

Австралиските медиуми пишуваат дека секое лице на кое му е укината визата се соочува со таква казна.