Ѓоковиќ ќе влезе во мега-проект во Црна Гора вреден – 300 милиони евра!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ, кој е на првата позиција на АТП-листата, заедно во договор со Инвестициски фонд од Обединетите Арапски емирати, планира да изгради комплекс со голф-терени, хотели и други објекти на црногорскиот брег.

Црногорските медиуми пишуваат дека веќе се подготвува планот во кој главна улога ќе има Ѓоковиќ, кој ќе добие помош од богатите Арапи, а вредноста се проценува на повеќе од 300 милиони евра.

Ѓоковиќ наводно извршил инспекција на теренот каде што планира да се гради комплексот при посетата на Будва, а засега не е познато кога ќе почне реализирањето на овој мега-проект.

Србинот во близина на плажата Јаз сака да изгради голф-терени, кои ќе бидат први на тој дел од Јадранот.