Ѓоковиќ: Можеби за последен пат играм во Србија


Како е да се биде професионален Counter-Strike играч! ↓↓↓


Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ ќе настапи за Дејвис куп репрезентацијата на неговата екипа против Грција.

Ѓоковиќ ги повика навивачите да ги исполнат трибините затоа што можеби за последен пат игра во живо на домашен терен.

Србинот секогаш ја прифаќал поканата од неговата репрезентацијата кога бил во можност, па така беше и сега.

„Ги повикувам навивачите, можеби за последен пат играм во Србија. Овие победи носат поинакво чувство затоа што зад себе ги имате селекторот, соиграчите и публиката“, кажа Ѓоковиќ.