Ѓоковиќ на 14 март ќе има повеќе бодови од Медведев, ама нема да биде прв на АТП-листата!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ во моментов не е прв на АТП-листата, каде што се наоѓа Данил Медведев, но Србинот за две недели ќе има повеќе бодови од Русинот, меѓутоа ќе остане на второто место.

Русинот има 8.615 бодови, а Ноле има 8.465 бода, поради што од денеска Медведев е прв на табелата.

На 14 март ќе се случи бодовна промена, па така Медведев ќе загуби 250 бодови од турнирот во Марсеј на кој играше минатата сезона, додека Ѓоковиќ ќе остане на 8.465.

Причина поради која Ѓоковиќ ќе остане втор на табелата е тоа што во тек ќе биде турнирот во Индијан Велс, кој трае повеќе од една недела, односно од 10 март до 20 март, па поради тоа нема да се случи промената.