Ѓоковиќ на 16 декември бил позитивен на ковид-19, а следниот ден делел пехари?


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ се наоѓа во Мелбурн во хотелот Парк, откако му беше одбиено барањето за австралиска виза, па мора да остане во хотелска соба до понеделник кога ќе биде донесена конечна одлука.

Адвокатите на Ѓоковиќ испратија документ во кои потврдуваат дека Србинот прележал ковид-19 во декември, односно на 16 декември бил позитивен.

Меѓутоа, австралиските медиуми прашуваат како е тоа возможно, кога само еден ден подоцна Ѓоковиќ бил на церемонија во музеј, каде што доделувал трофеи на деца.

На фотографијата може да се забележи дека не носел ниту маска, ниту се придржувал до епидемиолошките мерки.

Со оглед на тоа дека на 16 декември, според документите, бил позитивен на вирусот, не е реално да ги добил резултатите од тестирањето на 17 декември.