Ѓоковиќ најави нови трофеи и успеси: Ќе рушам уште многу рекорди!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ и годинава ќе ја заврши како првопласиран на АТП-листата и така ќе помине најмногу години на првата позиција, а исто така го држи рекордот во поминати недели на чело на АТП (346), а има и најголем број титули на Мастерс 1000 серијата, односно 37. Исто така, никој од него не освои повеќе гренслем-турнири, туку имаат по 20 со Рафаел Надал и Роџер Федерер.

Годината за Ѓоковиќ беше импресивна затоа што освои многу титули, го зачува првото место, урна рекорди и за жал не успеа да го освои Ју-Ес Опен и да стане најтрофеен во однос на гренслем-турнири, но и за тоа има време.

„Сенцариото не е идеално, зашто загубив финале во Њујорк, но потоа почуствував големо олеснување, зашто притисокот беше премногу голем. Секогаш бев јасен во текот на кариерата дека историјата ми претставува голема мотивација. Целта е да се подобрам и да освојувам трофеи, како и да рушам рекорди“, вели Ѓоковиќ.