Ѓоковиќ: Не се плашам од никого и од ништо!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ со убедлива победа против Сафиулин го почна турнирот во Монте Карло.

Ѓоковиќ помина низ тежок период, но со напорни тренинзи покажа дека се вратил во одличен ритам.

Најдобриот играч во светот во осминафинале ќе го има ривалот од кого загуби во Монако пред една година, а тоа е Лоренцо Музети.

„Не се плашам од никого и од ништо. Посакував реванш со Музети. Тој има убав бекхенд и има голем потенцијал. Музети е различен тенисер од Сафиулин, но ќе дадам сè од себе“, кажа Ѓоковиќ.