Ѓоковиќ: Не зборавив што ми се случи во Австралија…


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ по пауза од една година ќе настапи на Австралијан опен, откако годинава беше депортиран поради тоа што не е вакциниран против ковид-19.

Ѓоковиќ денеска зборуваше пред новинарите и кажа дека не може да заборави што му се случуваше на почетокот на 2022 година.

„Вакви работи тешко се забораваат. Тоа ќе го паметам до крај на животот. Никогаш не сум доживеал такво нешто и се надевам дека нема да се повтори. Се надевам дека ќе одиграм добар тенис. Без разлика на тоа што се случи, јас ја сакам Австралија“, кажа Ѓоковиќ.