Ѓоковиќ нема да игра на Индијан Велс и Мајами?


Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓


Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ доби лоши вести пред почетокот на новата сезона, затоа што американските власти го продолжија условот за влез со најмалку две вакцини на ковид-19.

Условите ќе важат најмалку до 10 април, а тоа значи дека Ѓоковиќ ќе мора да ги пропушти турнирите во Индијан Велс и Мајами.

Ѓоковиќ и минатата сезона ги пропушти турнирите во Индијан Велс и Мајами, но и Синсинати и Ју-Ес Опен.

Србинот минатата година доживеа драма и во Австралија, откако беше депортиран и не му беше дозволено да игра во Мелбурн.