Ѓоковиќ откри кои титули сака да ги освои до крај на сезоната


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ во неделата го освои Мастерсот во Париз со победата против Бугаринот Григор Димитров.

Ѓоковиќ на тој начин стигна до 40. титула на Мастерс-турнирите, односно 97 пехар во кариерата, но нема намера да запре.

„Се трудам да бидам уште подобар. Горд сум на моето постигнување, но сметам дека можам да освојувам уште титули. Сега имам 12 помалку од рекордот на Џими Конор, но и уште неколку успесшни тениски години. Следни титули кои сакам да ги освојам се Завршниот турнир во Торино и Дејвис Купот со Србија“, кажа Ѓоковиќ.