Ѓоковиќ откри зошто Медведев му го предал мечот (Видео)


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ не можеше да верува кога виде дека Данил Медведев го предава мечот во полуфиналето на турнирот во Астана.

Русинот ги изненади сите на трибините, но и гледачите пред малите екрани кои уживаа во одлични два сета.

Ѓоковиќ по вториот сет, кој го доби во тај-брејк (1-1), остана збунет откако Русинот му честиташе на мрежата за пласман во финале.

„Изненаден сум навистина. Изгледаше во ред, иако можеби во последните седум, осум поени малку побавно се движеше. Бев подготвен да одиграм трет сет. Се надевам дека не е ништо сериозно, иако на мрежата ми кажа дека истегнал мускул на ногата“, открива Ѓоковиќ.